САД: Работиме со Украина на план Б за извоз на жито

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Соединетите Американски Држави работат со Украина на план Б за извоз на жито од таа земја, по рускиот напад на пристаништето Одеса, најави директорката на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Саманта Пауер.

Нападот беше извршен еден ден откако Киев и Москва потпишаа договор во Истанбул за деблокирање на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море, што доведе до гнев и загриженост за иднината на договорот, се со цел да се избегне глобалната криза предизвикана од војната, објави Си-Ен-Ен.

Во Одеса беа заробени околу 20 милиони тони пченица и пченка.