Властите во Киев се надеваат дека оваа недела ќе стапи на сила договорот со посредство на ОН за олеснување на глобалниот недостиг на храна со враќање на извозот на жито од регионот на Црното Море.
Високи владини претставници изразија надеж на денешната прес-конференција дека првата пратка жито според договорот ќе го напушти пристаништето во Черноморск во среда, пренесува Ројтерс.
Советникот на украинскиот претседател за економски прашања вчера изјави дека Украина може да извезе 60 милиони тони жито во текот на осум до девет месеци, под услов нејзините пристаништа да не бидат блокирани.