Што се случува со запленетите возила од криминалците? Ова е пример од Чешка. Наместо да го уништи италијанскиот суперавтомобил, чешката полиција го претвори во нешто покорисно: полициско возило.
Според локалната полиција, преобразениот 458 Italia почнал да служи како дел од Одделот за специјален надзор на Чешката Република со национална јурисдикција и ќе го управуваат само специјално обучени полицајци.
Како што објави Motor1, ова Ферари ќе се користи „против најагресивните возачи на чешките автопати, при бркање украдени возила или за време на надзор на локации за тјунинг настани“.
Според соопштението за печатот, полицијата морала да потроши 340.000 CZK (околу 14.000 долари) за да го измени Ферарито во она што е денес.
Заедно со новата надворешна боја, 458 Italia добива нова боја, плус камери, специјално предупредувачко светло, дисплеј со натписи…