BMW 323i E30 од 1985 година со поминати 260 км за 120.000 €

од Vladimir Zorba
158 прегледи

На автомобилскиот пазар во Австрија се појави фантастичен BMW 323i E30 од 1985 година, кој е во фабричка состојба, но неговата цена не е за секого.

Моделите на BMW од 1980-тите денес се многу пожелни, а нивните цени постојано се зголемуваат. Пример е BMW 323i E30 кој се продава во Австрија, а со оглед на тоа што има поминато само 260 километри и е во фабричка состојба неговата цена е 119.950 евра. Истиот автомобил беше продаден во 2017 година, но тогаш цената беше 69.999 евра.

Новата цена особено привлекува внимание бидејќи не се работи за моделот M3 Evolution, моделот 320iS или ограничената верзија на кабриолетот, туку моделот 323i со две врати обоен во Zinnober црвена боја, кој има челични тркала. Не може да му се замери на изгледот, контролната табла е беспрекорна, а со оглед на тоа дека се работи за пред-фејслифт модел, има хромирани браници. Многумина ќе речат дека овој модел изгледа далеку подобро од оние кои пристигнаа по 1987 година.

BMW го придвижува 2,3-литарски права-шестка, а купувачот не потрошил пари на алуминиумски тркала, електрични прозорци, серво волан и сончев покрив, туку избрал диференцијал со ограничено лизгање, спортски менувач и внатрешност на Recaro.

BMW го замени 323i со помоќниот 325i во Европа во 1985 година, но автомобилот на фотографиите беше регистриран дури во април 1985 година. Неговиот мотор развива 148 КС и 205 Nm вртежен момент, а оваа сила се пренесува на задните тркала. Автомобилот тежи околу 1.050 кг, од 0 до 100 км/ч забрзува за 9 секунди, додека максималната брзина му е 202 км/ч.