Електричен автомобил по добра цена во „Лидл“

од Vladimir Zorba
240 прегледи

„Лидл“ има навика да им нуди автомобили на своите клиенти, а тоа особено се однесува на германскиот пазар. Сега електромобилот Elaris Finn може да се купи во синџирот супермаркети во Германија, односно да го користите на месечни рати од 222 евра.

Автомобилот може да се плати и одеднаш, а неговата цена е 20.330 евра. Полнењето е бесплатно.

„Лидл“ беше еден од првите супермаркети кои понудија бесплатни станици за полнење за клиентите во Германија. Тие се покажаа како толку успешни што германскиот ланец беше принуден да ја намали нивната моќност од 50 на 25 kW. Многу возачи полнеле само електрични автомобили и не влегувале ниту во продавниците, велат од „ХАК“.

Elaris Finn е електричен автомобил добиен од кинескиот Zotye Zhima E30. Долг е само 2,87 метри и има две седишта. Електричниот мотор достигнува 48 КС, што е доволно за 115 км/ч. Батеријата има капацитет од 32 kWh, доволно за автономија од 200 километри.

Elaris Finn е опремен со клима уред, темпомат, навигација… Полнењето до 100 проценти трае еден час со полнач DC од 30 kW.

Полнењето на класичен штекер трае околу пет часа.