Парламентот на Молдавија гласаше за продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена, откако владата рече дека сè уште ѝ се потребни посебни овластувања за да се справи со последиците од руската инвазија на Украина.
Обраќајќи им се на пратениците, кои гласаа за продолжување на вонредната состојба во четвртокот, молдавската премиерка Наталија Гаврилица рече дека постојат континуирани ризици за енергетската и граничната безбедност и укажа на потребата да се управува со протокот на бегалци од Украина.
„Ризиците за Молдавија поради војната во Украина се уште се високи. На владата ѝ се потребни дополнителни овластувања“, наведува премиерката на Молдавија.