Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за неговата загриженост за проширувањето на врските меѓу африканските земји и Русија се навредливи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на новинарите по состанокот на Советот на министри на Шангајската организација за соработка (SCO).
– Во однос на претседателот Макрон и неговите изјави, навистина, генерално, се очекуваа поетички изјави од Французите. Затоа што рече, ако добро се сеќавам, отприлика следново: дека е загрижен за воената и дипломатската активност на Русија во Африка и дека тоа нема ни да го нарече соработка, туку поддршка на апсолутно пропаднати, нелегитимни режими и хунти – рече Лавров, пренесе ТАСС.
Според него, тоа е прилично навредливо за африканските држави кои продолжуваат, и покрај се, доследно да ги развиваат односите со Руската Федерација.
Макрон претходно изрази загриженост поради зголемените дипломатски и воени контакти меѓу Русија и Африка и го критикуваше ширењето на наводни лажни информации и руски наративи во Африка од луѓе кои одбил да ги нарече новинари, наведувајќи го отворањето на нови бироа за руските новински агенции Спутник и телевизијата РТ во Африка.