Се продава Mercedes-Benz 6.0 AMG Hammer Coupe

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Многу редок автомобил, Mercedes-Benz 6.0 AMG Hammer Coupe од 1988 година, е понуден на продажба преку аукција во САД.

Долго пред AMG GT Black Series да го постави рекордот на патеката Нирбургринг, неговите претходници беа целосно одвоени од Mercedes. Брендот AMG беше посебна тјунинг компанија, а еден од нејзините импресивни проекти е 6.0 AMG Hammer Coupe.

AMG не беше како повеќето тјунери кои само додаваат неколку нови делови и го пресликуваат ECU за да добијат малку поголема моќност, туку направија многу повеќе. Во овој случај, оригиналниот 3,0 литарски мотор беше отстранет и заменет со 5,5 литарски V8, но тоа не е се. На тој мотор следеа значителни модификации, волуменот се зголеми на 6,0 литри, а доби две брегасти вратила и четири вентили по цилиндар. По модификациите, моторот испорачуваше 385 КС и 564 Nm вртежен момент.

Автомобилот кој се продава на аукција изгледа совршено во секој сегмент, внатрешноста е беспрекорна иако има поминато повеќе од 31.000 километри. Пред 2021 година, „Чеканот“ беше паркиран 15 години, по што беше целосно реставриран.

Се верува дека само 50 примероци се произведени за светскиот пазар, а автомобилот што моментално се продава е еден од 15-те направени за северноамериканскиот пазар и еден од само петте купеа наменети за САД. Затоа е еден од најретките класични Мерцедеси во својата ера.

Аукцијата трае уште неколку дена, а највисоката понуда во моментот на пишување беше 303.000 долари.