Suzuki подготви специјално издание на својот популарен мал SUV Jimny само за бразилскиот пазар, иако овој Jimny Sierra 4Sport веројатно би бил привлечен за клиентите и на другите пазари.
Како и да е, се работи за ограничена серија од само 100 примероци, по цена од 181.990 бразилски Реали (34.225 евра).
Jimny Sierra 4Sport стандардно доаѓа со „сноркел“, багажник на покривот за дополнителен товар и опрема, како и црни браници за да одговараат на необоените браници, предната решетка и страничните рабови.
Автомобилот е сив со ознаки 4Sport и 4×4, сини акценти и комплет црни алуминиумски тркала од 15 инчи со гуми Pirelli M/T.
Внатре, сините акценти се издвојуваат на отворите за воздух, рачката на менувачот и кожните навлаки на седиштата, заедно со значките 4Sport на потпирачите на седиштата и контролната табла.
Иако нема промени во суспензијата, гумите М/Т прават разлика. Исто така, благодарение на „сноркелот“, длабочината на возење низ водени пречки е зголемена на 600 mm.
Овој Jimny има 1,5-литарски бензински мотор со 79 kW/108 КС и 138 Nm вртежен момент, заедно со четиристепен автоматски менувач и систем за погон на четири тркала AllGrip Pro.