Турција значително го зголеми извозот на стоки во Русија

од Берта Китинска
205 прегледи

Извозот на турска стока во Русија во јуни е зголемен за 46 отсто во однос на истиот месец во 2021 година и 52 отсто во однос на мај, објави денеска Турскиот институт за статистика.

Според објавените податоци, турските компании во јуни заработиле околу 791,4 милиони долари, додека во мај оваа сума изнесувала 518,8 милиони долари, пренесе РИА Новости.