Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд денеска изјави дека не треба да има сомнеж оти Русија има намера да ја „распадне“ Украина и целосно да ја отстрани од светската мапа.
Томас-Гринфилд му рече на Советот за безбедност на ОН дека САД гледаат знаци дека Русија ја поставува основата за, како што рече, обид за анексија на сите источни украински региони Доњецк и Луганск и јужните региони Керсон и Запорожје, вклучително и инсталирање „ нелегитимни полномошници во областите под руска контрола“, со цел да се одржат лажни референдуми или декрети за приклучување кон Русија“, објави АП.