ФОТО: Еден од најбогатите Украинци е убиен во жесток напад врз Миколаев

од Берта Китинска
249 прегледи

Основачот и сопственик на Нибулон, една од најголемите земјоделски компании во Украина, Алексеј Вадатурски и неговата сопруга се убиени во руски артилериски напад во Миколаевската област, изјави гувернерот Виталиј Ким.

Гувернерот потврди дека брачната двојка загинала во нивниот дом во градот Миколаив, кој бил гранатиран во текот на ноќта и утринава.

Нибулон, чие седиште е во Миколаев, е специјализирано за производство и извоз на пченица, јачмен и пченка и има сопствена флота и бродоградилиште.