218
Телата на три сестри, на возраст од 5, 8 и 9 години, биле пронајдени во езерце на приватен имот, откако исчезнале од нивниот дом во Тексас додека ги чувала нивната дадилка.
Зи’Ариел Робинсон Оливер, А’Мија Хјуз и Те’Мари Робинсон Оливер исчезнале од нивниот дом во Атланта во петокот вечерта.
Во потрагата биле вклучени повеќе државни служби, а телата на девојките биле пронајдени неколку часа подоцна во соседното езерце.
Полицијата ја фокусираше потрагата околу езерото откако пар чевли и други предмети од облека беа пронајдени расфрлани во близина и во водата.
Телата на девојчињата се испратени на обдукција.