Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина со спроведување на воени вежби ги прекршила правилата на Обединетите нации, извршила инвазија на територијата на Тајван и дека кинеските сили го блокираат воздушниот простор и водите кои му припаѓаат на Тајван.
Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека островот цврсто ќе ја брани својата безбедност, ќе се спротивстави на секој потег што го нарушува неговиот територијален суверенитет и дека војската ќе го подигне своето „ниво на будност“ на таков начин што нема да предизвика конфликти, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението се наведува дека „Кина продолжува да води психолошка војна против Тајван“, и дека граѓаните не треба да веруваат во гласини и се поканети да ги пријават сите лажни вести до владата.