ДИЖС изврши два вонредни надзора по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Двата субјекта, пречистителната станица од Доброшане, кумановско и фабриката за преработка на зеленчук од Старо Нагоричане, денеска треба да достават мерења согласно елаборатите од животна средина, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина по вонредниот инспекциски надзор.

Инспекторатот изврши два вонредни надзори во двата субјекти, по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња под „Искрин мост“ кумановско и по реакцијата на граѓани дека во Пчиња кај Драгоманце општина Старо Нагоричане се испушта одредена течност која ја менува бојата на реката во виолетова.

– Станицата во моментот на надзорот беше во работен режим. По изјава на одговорното лице немале дефекти поради кои би била исклучена пречистителната станица. До среда треба да ги достават мерењата согласно одобрениот елаборатот за животна средина, објавија од инспекторатот.

Од инспекторатот наведуваат дека се земени примероци од угинатата риба кои ќе се дадени на државниот инспекторат за земјоделство за понатамошна анализа. Резултатите ќе бидат достапни за јавноста.

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот на правниот субјект во општина Старо Нагоричане им издал усна наредба-забрана да испуштаат отпадни води. Фабриката, наведуваат од инспекторатот има рок до денеска да ја достави целокупната документација поврзана со животната средина до ДИЖС (елаборат, дозволи за зафат на вода и испуштање на отпадни води издадени од МЖСПП), по што ќе продолжи инспекциската постапка

Слични содржини