Во април минатата година, MG Motor го претстави концептот Cyberster, визија за целосно електричен спортски двосед.
Во меѓувреме се подготвува и сериски модел, за што потврди новото најавно видео (како и патентните рендери кои се појавија во јавноста пред неколку месеци).
Очекувано, серискиот модел има изменет, омекнат изглед во споредба со концептното возило.
Во секој случај, се работи за електричен родстер со долга хауба и краток заден дел, при што серискиот модел има класични ретровизори наместо камерите што го издвојуваа концептот од останатите.
Името се уште не е дефинитивно, па некои извори ја споменуваат и можноста за името MG C EV.
Серискиот модел се очекува да излезе во продажба во 2023 година, но сè уште не се познати неговите спецификации.
Затоа, еве само потсетување дека минатогодишниот концепт забрза од 0 до 100 км/ч според фабричките податоци за 3,0 секунди, додека досегот со едно полнење на батеријата беше 800 км.