Најевтиниот електричен автомобил во Европа

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Dartz е компанија од Латвија која е специјализирана за производство на скапи и уникатни теренци отпорни на куршуми. Со новиот проект, овој производител сепак тргна во друга насока. Freze Froggy EV Beachstar е мал електричен кабриолет кој се чини како да испаднал од временска машина поставена во осумдесеттите години на минатиот век.

Веб-страницата на производителот го рекламира кабриолетот со слоганот: „Најевтиниот електричен автомобил во ЕУ“. Малиот автомобил изгледа компактен, а неговите дизајнери очигледно не слушнале за меки линии. Се базира на кинескиот електричен автомобил Wuling Hong Guang Mini EV.

Dartz објасни дека го создале Freze Froggy EV Beachstar специјално за програми за споделување автомобили и компании за изнајмување автомобили, според „ХАК“.

Малиот Froggy Beachstar нуди автономија од 200 километри во стандардната верзија и 300 километри со батеријата за долг дострел. Моќноста на електромоторот е 41 КС. Според производителот, максималната брзина е 100 км/ч.

Dartz планира да започне со испораки во средината на 2023. Цената треба да биде 20.000 евра.