Ројтерс: Тајван бара алтернативни рути за авионите

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Тајван преговара со соседните Јапонија и Филипините за да најде алтернативни рути за авионите, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на тајванската агенција CNA.

Тајпеј се одлучи на овој потег откако Кина, непосредно по пристигнувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во Тајпеј, започна воздушни и поморски воени вежби во близина на својот брег и пробно лансирање на конвенционални ракети во морето источно од островот, според британската агенција.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина со спроведување на воени вежби ги прекршила правилата на Обединетите нации, извршила инвазија на територијата на Тајван и дека кинеските сили го блокираат воздушниот простор и водите кои му припаѓаат на тој остров.

Слични содржини