Силен дожд ја погоди Јапонија: 200.000 луѓе повикани на евакуација

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Обилни дождови го погодија северниот дел на Јапонија, урнаа мостови и излеаа реки.

Имено, 200.000 жители биле повикани да ги напуштат погодените подрачја.

Две лица се водат како исчезнати, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, а властите предупредија на зголемен ризик од лизгање на земјиштето и поплави.

Во калта кај планинската станбена зона беа срушени дрвја, поплавени се куќи, а еден мост е целосно уништен.

Јавниот сервис NHK објави дека се издадени необврзувачки известувања за евакуација за 200.000 жители во пет департмани во земјата – Ниигата, Јамагата, Фукушима, Ишикава и Фукуи.

Слични содржини