243
Агресивната политика на НАТО кон Русија е виновна за актуелната криза во Европа, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека дејствијата на Русија во Украина се „напад на сегашниот светски поредок“, пренесува ТАСС.
„Оваа ситуација се подготвува веќе неколку децении. Во голема мера беше предизвикана од агресивната политика која Северноатлантскиот сојуз ја водеше кон нашата земја, повеќе пати приближувајќи ја својата воена инфраструктура до руските граници. Тоа ни создаде дополнителни опасности и ги испровоцира руските противмерки“, рече Песков, пренесува ТАСС.