Банката на Англија: Ова ќе биде долга рецесија

од Nikola Popovski
212 прегледи

Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година.

Соочена со инфлацијата која веќе надмина 13 отсто на годишно ниво, Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка на 1,75 отсто, јавува Би-Би-Си.

Гувернерот Ендрју Бејли рече дека знае дека ќе биде многу тешко да се намалат трошоците за живот во сегашните околности, додавајќи дека ќе беше полошо доколку не ги зголемат каматните стапки.

Тој посочи дека главната причина за високата инфлација и намалениот економски раст е големиот пораст на цените на енергенсите предизвикани од војната во Украина.

Бејли рече дека просечните трошоци за енергија на домаќинството ќе достигнат 300 фунти во октомври.

Очекуваната рецесија ќе биде најдолга од 2008 година, кога британскиот банкарски систем се соочуваше со колапс, а пласманот на кредити беше сведен на нула.

Банката на Англија верува дека рецесијата сега нема да биде толку длабока како пред 14 години, но може да трае исто толку долго.

Слични содржини