Instagram наскоро ќе тестира високи фотографии на цел екран

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Во моментов, фотографиите на Instagram се прикажуваат во сооднос 4:5, а воведувањето поддршка за потенки и повисоки фотографии од 9:16 ќе им помогне да го пополнат целиот екран додека се движите низ „фидот“ на апликацијата, пишува The Verge.

„Можете да имате високи видеа, но не можете да имате високи фотографии на Instagram“, рече Мосери. „Значи, мислевме дека можеби треба да се погрижиме да ги третираме и двете подеднакво“.

Промената беше објавена за време на „Ask Me Anything“ на Instagram, каде што извршниот директор Адам Мосери потврди дека Instagram ќе започне со тестирање на ултра високи фотографии од 9:16 „за една или две недели“.

Интересно е што Instagram ги најавува овие промени по големиот број критики за претходните најави и промени. Беше најавена и повлечена тест верзија на апликацијата што отвораше фотографии и видеа на цел екран.

Покрај тоа, Instagram најави дека ќе го намали бројот на препорачани објави во апликацијата под изговор дека работи на подобрување на своите алгоритми.

Слични содржини