Русите не знаат каде е Дарија Асламова

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Руската амбасада во Белград нема информации за притворот на Косово и локацијата на Дарија Асламова, новинарка на „Комсомолскаја правда“, објави тој весник.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, во вчеравечер објави дека Асламова е „приведена“ на административниот премин на северот на Косово затоа што „се занимава со шпионажа“.

Рускиот весник објави дека таа е во Србија на новинарска задача и дека требало да подготви „специјален извештај во врска со ескалацијата на српско-косовскиот конфликт“.

Ден пред обидот за влез во Косово, Асламова на својот Телеграм канал објави фотографија од Белград со владиката Стефан.

„Христов воин. Со таков благослов, не е страшно да се оди во битка“, напиша таа во објавата.

Како што беше објавено на веб-страницата „Комсомолскаја правда“, Асламова известува од многу жаришта во светот. Од Чеченија, Нагорно-Карабах, Абхазија, Осетија, Таџикистан, Југославија, Египет и Авганистан, до Руанда, Мали, Камбоџа, Сирија и Курдистан.

„Комсомолскаја правда“ наведува дека во 2003 година успеала да го интервјуира соборениот претседател на Ирак, Садам Хусеин.

На почетокот на 2011 година, Дарија беше уапсена четири пати за време на службеното патување во Египет.

Слични содржини