Никогаш реализираниот Volkswagen Fox SUV

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Volkswagen еднаш експериментираше со идејата за SUV базиран на моделот Fox.

Концептот од сликите датира од 2007 година, односно годината кога Volkswagen ја лансираше првата генерација на Tiguan на пазарот.

Поранешниот дизајнер на Volkswagen, Луиз Веига, сега ја отвори својата колекција на белешки за концептите што ги создал за компанијата. И Веига вели дека оваа студија покажала како би изгледал потенцијалниот мал SUV базиран на Fox од тоа време.

Резултатот беше автомобил со многу права и квадратна силуета што се карактеризира со одредена робусност. Има и багажници на покривот и високи задни светла за да се остави впечаток на висина. Сепак, може да се забележи и дека е поставен на 15-инчните тркала кои се користеа кај Fox.

Фотографиите се направени во 2007 година во студиото Volkswagen Design во Берлин: „Јас бев одговорен за развој на пазарите и го дадов овој предлог за SUV на платформата Fox. Бев апсолутно сигурен дека теренците ќе бидат многу добро прифатени, особено на пазарите како Јужна Америка и Азија, но мислам дека повторно подранив“.

Volkswagen не покажа интерес, но идејата заврши кај Kia, која потоа го разви Soul. Всушност, линиите на теренецот Fox имаат голема сличност со караванот со висок покрив од Јужна Кореја кој се појави на пазарот неколку години подоцна. Исто така, треба да се забележи дека во тоа време VW нудеше модели на миниван базирани на компактни автомобили, како што се Golf и сродниот Golf Plus. Но, напорите на Веига не беа целосно залудни ниту во групацијата VW, бидејќи тие завршија на улиците како Škoda Yeti.