Британците со план да ги следат имигрантите со паметни часовници

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Прилично контроверзен план презентираше Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство. Според него, сите имигранти во таа земја, кои претходно во животот биле осудени за кривични дела, во секое време би морале да бидат под надзор на полицијата и канцеларијата за имиграција. Вакво детално следење на луѓето би овозможило модерната технологија, вградена во паметните часовници.

Строг мониторинг 24/7

Овој план би овозможил, велат, полесно секојдневно следење на имигрантите кои мора да бидат под построга контрола. Првата опција е да се инсталира специјален уред за следење околу нивните глуждови, како што се оние што ги носат затворениците во домашен притвор, или да им се понуди паметен часовник за користење. Тој би бил опремен со технологија за препознавање лица, па луѓето под надзор би морале да прават „селфи“ со овој часовник пет пати на ден.

Видеото потоа ќе се провери во биометриската база на податоци, за да се утврди дека навистина тоа е лицето кое мора да го носи часовникот. Дополнително, локацијата на часовникот би и била позната на полицијата 24 часа. Сите податоци за движењата, заедно со личните податоци на следените лица, ќе се чуваат шест години. Пристап до нив би имале МВР, полицијата и Министерството за правда.

Веќе се нарачани одреден број вакви паметни часовници, но нивниот број и цена не и се познати на јавноста. Она што се знае е вкупната сума планирана за овој проект во буџетот – таа е 6 милиони фунти.

„Дехуманизирачка технологија“

Очекувано, планот за ваквото следење на имигрантите веднаш стана предмет на критики, особено кога станува збор за организациите за заштита на човековите права. Тие тврдат дека системите за препознавање лица се несовршени, понекогаш ги дискриминираат луѓето со темна кожа, а полицијата не открива какви алгоритми и технологии ќе користи за ова.

Сето ова, според организацијата Privacy International, може да ја олесни дискриминацијата и кршењето на човековите права, без никаква одговорност за оние кои го прават тоа.

„Ниту една земја во Европа не користи ваква дехуманизирачка и инвазивна технологија насочена кон мигрантите“, велат адвокатите на оваа организација.

Слични содржини