Украина: Нуклеарната централа во Запорожје работи во „нормален режим“

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Нуклеарната централа во Запорожје, која беше гранатирана за време на викендот, работи „во нормален режим“, изјави денеска шефот на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, Евгениј Балицки, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на „Интерфакс“.

„Имаме информации од армијата и претставниците на рускиот Росатом, кои се тука и само ја набљудуваат ситуацијата. Имаме информации од нив дека сè функционира во нормален режим“, рече Балицки.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје во текот на викендот.

Слични содржини