Сопственикот на Ferrari SF90 Stradale нарачал комплетна внатрешна промена на овој спортски автомобил од полскиот Carlex Design.
Пред се, се издвојуваат спортските седишта, сега со комбинација на црна, црвена и сребрена кожа и алкантара. Наслоните за глава се исто така врежани со црвеното лого на Ferrari, а има и уникатно стилизирана контролна табла надополнета со бројни препознатливи детали, во црвена, сребрена и црна боја.

Не завршува тука, бидејќи Carlex Design обезбеди и нови црвени шевови на воланот, сребрена значка на Ferrari, делови од карбонски влакна, алкантара и нови патосници за возачот и совозачот.

Carlex Design не наведува цена за оваа внатрешна трансформација, но истакнува дека биле потребни три недели и дека сопственикот е презадоволен од резултатот.