Најавен Feuerbach GTL Coupe од 550.000 долари

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Feuerbach го најавува моделот GTL Coupe со неколку затемнети тизер слики, што всушност е нивниот модифициран Porsche 911.

Компанијата Feuerbach е основана во 2019 година од Кристофер Рајц, поранешен главен дизајнер на Nissan Europe, кој е и внук на Фердинанд Порше.

Рајц ја основа компанијата за дизајнирање и производство на серија мали, рачно изработени автомобили кои му оддаваат почит на семејството Порше. На прво место е Feuerbach GTL Coupe, базиран на 997- генерацијата 911 GT3. Иако ќе ја дели истата шасија, ќе има уникатна каросерија од јаглеродни влакна дизајнирана од Рајц и дизајнерскиот тим на компанијата во Барселона. Сликите откриваат дека GTL Coupe има заден дел со уникатни LED светла и карактеристична хауба наместо нормалното задно стакло.

Што се однесува до моторот, наместо оригиналниот 3,8-литарски шестцилиндричен, ќе биде инсталиран рачно изработен 4,3-литарски атмосферски мотор кој развива 540 КС при 8.500 вртежи во минута. Овде треба да се напомене дека Feuerbach ќе понуди и помоќни верзии на истиот мотор.

Моторот ќе биде поврзан со шестстепен мануелен или PDK менувач, двата рачно изработени од неименуван добавувач на Porsche.

На купувачите ќе им бидат достапни и други подобрувања, вклучувајќи нови компоненти за сопирање и суспензија.

Внатрешната слика покажува елементи од јаглеродни влакна и алкантара, а Feuerbach најавува и изборен заштитен кафез, како и спортски седишта и ремени.

Цените за Porsche GTL Coupe ќе започнуваат од 550.000 долари, без опции и локални даноци.