Изграден првиот Bizzarrini 5300 GT Corsa Revival

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Првиот примерок на Bizzarrini 3500 GT Corsa Revival, кој беше инспириран од победникот на Ле Ман од 1965 година, ја напушти фабриката и беше доставен до купувачот.

Првиот од само 24 планирани примероци на моделот 3500 GT Corsa Revival е завршен и го доби својот дом, а производството на останатите 23 ќе биде завршено во текот на 2023 година.

Станува збор за автомобил придвижуван од 5,3-литарски V8 мотор кој развива 400 КС и тежи 1.250 килограми. Карбонската шасија не е од времето кога автомобилот првпат се појавил, но моторот е.

„Нашиот тим е неверојатно горд што првиот 5300 GT Corsa Revival ја напушти фабриката и стигна до својот сопственик. На почетокот на оваа година го лансиравме Bizzarrini како почеток на долгорочна визија, така што првата испорака до клиентот е важен чекор кон остварување на таа визија. Продолжуваме да ги произведуваме останатите серии и да се надоврзуваме на страста и вредностите на основачот“, изјави директорот на компанијата – Сајмон Базби.