151
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека војната во таа земја започнала со Крим и дека мора да заврши со неговото ослободување.
„Оваа руска војна започна со Крим и мора да заврши со Крим, со негово ослободување“, рече Зеленски по серијата експлозии што ја потресоа руската воздушна база на Крим, при што загина едно лице, пренесе Би-Би-Си.
Како што рече украинскиот лидер, нема да заборави дека „руската војна против Украина започна со окупацијата на Крим“.