Г7 бара од Русија веднаш „да ѝ ја предаде“ нуклеарната централа Запорожје на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 ја повикаа Русија „веднаш да ја предаде“ нуклеарната централа Запорожје под контрола на Украина.

– Ја нагласуваме важноста од испраќање експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија во нуклеарната централа Запорожје за да се разјаснат прашањата и мерките од областа на нуклеарната безбедност, со целосно почитување на суверенитетот на Украина врз нејзината територија и нејзината инфраструктура – ​​се наведува во соопштението.

Министрите ја нагласија „целосната и постојана поддршка на Г7 за Меѓународната агенција за атомска енергија“, истакнувајќи дека персоналот на агенцијата „треба да има безбеден и неограничен пристап до сите нуклеарни постројки во Украина, како и да комуницира директно и слободно со украинскиот персонал одговорен за работата на овие објекти“.

Претходно, заменикот постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, објави дека Москва побарала одржување на седницата на Советот за безбедност на ОН за 11 август поради честото гранатирање на нуклеарната централа Запорожје од страна на Украина.

Слични содржини