Лошото време го одложи денешното поаѓање на брод со жито од Черноморск

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Бродот за транспорт на жито, кој денеска требаше да тргне од украинското пристаниште Черноморск, не можеше да исплови поради лошите временски услови, соопшти турското министерство за одбрана.

„Бродот, чиешто поаѓање од пристаништето Черноморск за пратката жито беше планирано за денеска, не можеше да исплови поради лошите временски и морските услови“, се прецизира во соопштението на министерството, а пренесе „Ројтерс“.

Договорот меѓу Русија и Украина со посредство на Обединетите нации и Турција дозволи 12 бродови да испловат од украинското пристаниште на Црното Море на први август.

Слични содржини