176
Десет кинески авиони денеска ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, неофицијалната граница меѓу Кина и островот Тајван, кој функционира како де факто држава, соопшти тајванското министерство за одбрана.
Кинески воени авиони во неколку наврати ја преминаа централната линија минатата недела за време на воените вежби започнати по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, на Тајпеј.
За време на вежбите, во кои се користела боева муниција, кинески бродови повремено се обидувале да упаднат во неофицијалната „тампон зона“, додека тајванските бродови ги следеле нивните движења.