Викендов дожд, УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрично празнење

од Берта Китинска
171 прегледи

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека од денеска попладне до недела под влијание на циклонска активност на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Во овој период наместа ќе наврнат и над 40 литри на метар квадратен дожд. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Според УХМР, во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од Управата препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрично празнење, како и да не се престојува на отворен простор под осамени дрвја.