232
Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ го собори сопствениот рекорден профит откако во вториот квартал од оваа година оствари профит од 48 милијарди долари.
Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година.
Нето добивката на таа нафтена компанија порасна на 87,9 милијарди долари во првата половина од годината.