167
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе нема да води војна.
Членовите на владата го одбележаа денот со посета на контроверзниот храм Јасукуни, што е потег кој ќе ги налути Кина и Јужна Кореја, објави „Ројтерс“.
„Никогаш нема да поминеме низ ужасите на војната. Ќе продолжиме да живееме во согласност со заветот. Во свет во кој конфликтите не стивнуваат, Јапонија е активен лидер во мирот“, рече јапонскиот премиер.