Властите на регионот Запорожје ги повикаа Украинците да се евакуираат

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, го повика населението што живее во регионите на Украина контролирани од Киев да се преселат на териториите контролирани од руските сили.

Зимата е близу, а, на пример, во градот Запорожје, кој е привремено под контрола на режимот на Зеленски, централизираното снабдување со топла вода е веќе исклучено, цените постојано растат, па грејната сезона таму очигледно ќе биде нарушена.

Значи, ако луѓето сакаат, можат да се евакуираат на ослободените територии. Сигурно ќе биде топло, безбедно и со топла вода, изјави Рогов, пренесува РИА Новости.

Според него, во областа Запорожје во тек е изградба на гасовод кој ќе овозможи снабдување со гас од Русија.

Во средината на март, руските сили ја презедоа контролата врз Керсонската област и Приазовскиот дел од Запорожјската област во Украина.

Слични содржини