169
Воениот магацин во Џанкој на Крим е оштетен во експлозиите кои настанаа како последица на саботажа, соопшти денеска руското министерство за одбрана.
„Утринава, како резултат на саботажа, оштетен е воениот магацин кај Џанкој“, соопшти министерството за одбрана на Русија, пренесува ТАСС.
Експлозиите оштетија бројни цивилни објекти, вклучувајќи далноводи, електрана, железнички пруги и неколку станбени згради.