Швајцарскиот производител на чоколади Lindt & Sprüngli денеска соопшти дека одлучил да го напушти рускиот пазар поради инвазијата на Украина.
Компанијата, позната по чоколадните топчиња Lindor и велигденските чоколадни зајачиња завиткани во златна фолија, во март одлучи привремено да ги затвори продавниците и да ги прекине пратките во Русија, пренесе Ројтерс.
По објавата на 9 март 2022 година, Групацијата Lindt & Sprüngli одлучи да излезе од рускиот пазар, соопшти денеска компанијата, додавајќи дека ќе ги поддржува вработените во Русија и ќе дејствува во согласност со локалните (руски) регулативи.