Русија го претстави моделот на својата идна орбитална вселенска станица

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Во понеделникот, во конгресниот центар Патриот Експо во близина на Москва беше отворена голема изложба за воена технологија „Армија-2022“. Собра околу 1.500 изложувачи, вклучително и вселенската агенција Роскосмос, која таму го изложи првиот модел на својата планирана нова орбитална вселенска станица.

Да потсетиме дека Русија официјално го објави своето повлекување од соработката за проектот на Меѓународната вселенска станица. Ова треба да се случи во 2024 година или подоцна, а точниот датум зависи од тоа кога нивната вселенска станица ќе биде подготвена да започне со работа. Државните медиуми на новата станица и го дадоа прекарот РОСС, а првиот човек на Роскосмос – Јуриј Борисов уште еднаш ги потврди плановите оваа агенција да стане „независна“ во вселената по 2024 година.

Покрај моделот и можниот изглед на новата вселенска станица, познато е и како Русија планира да ја лансира во орбитата во две фази. Во првата фаза ќе бидат лансирани и составени четири модули, а во втората фаза ќе се прошири на вкупно шест, со додавање на сервисна платформа. И првите информации велат дека на станицата треба да има место за четиричлен екипаж.

Првата фаза од лансирањето е планирано да се одржи помеѓу 2025 и 2030 година, а втората фаза пет години потоа. НАСА се уште планира да ја задржи МВС во орбитата до 2030 година, а според нивните информации Русија нема да се повлече од тој проект пред 2028 година.