208
Велика Британија поднесе барање за лет на својот извидувачки авион по рута која минува низ рускиот воздушен простор, а на воздушните сили им е наредено да ја спречат оваа провокација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Британија достави план за летање за летот на извидувачкиот авион RC-135 по рута што се наоѓа над руска територија. Сметаме дека тоа е намерна провокација“, соопшти Министерството, пренесе ТАСС.