Неколку силни експлозии ја потресоа руската воена база на полуостровот Крим, која Москва ја анектираше во 2014 година, на денот кога првиот брод со жито тргна од украинското пристаниште Одеса за Африка.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат експлозии во северниот дел на полуостровот, а проруските власти на Крим прогласија „вонредна состојба“ во областа.
Локалните медиуми јавуваат за колони луѓе кои се обидуваат да избегаат преку мостот Крим преку теснецот Керч што го поврзува полуостровот со Русија.
Руското Министерство за одбрана тврди дека станува збор за „саботажа“ во која двајца цивили се полесно ранети, изјави шефот на проруската администрација на Крим Сергеј Аксјонов.
Украина не потврди дека нејзините сили се одговорни за експлозијата, која помошникот на претседателот Володимир Зеленски ја нарече „демилитаризација во акција“.
Минатата недела уште една руска воена база беше тешко оштетена во серија експлозии во кои беа уништени неколку воени авиони.