Првиот брод што отплови од Украина според договорот за продолжување на извозот на жито од таа земја, пристигна денеска во сирискиот пристанишен град Тартус, иако Киев ги прекина дипломатските односи со Дамаск, јавува АП, повикувајќи се на сателитски снимки.
Бродот „Разони“, под знамето на Сиера Леоне, исплови од украинското пристаниште Одеса на први август во согласност со постигнатиот договор за извоз на жито, но не стигна до Либан како што беше планирано, додека сателитски снимки на компанијата „ Planet Labs PBC“ покажуваат дека се наоѓал во Тартус во вторникот наутро, веднаш до пристанишните силоси за жито.
Украина соопшти дека бродот превезувал 27.000 тони жито запленето од Русија и првично се обидел да го продаде на Египет, кој одбил да го преземе товарот.