Во Индија ќе се произведува е-возило со домет од 500 километри (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Младата индиска компанија Ola Electric Mobility, која произведува електрични скутери од 2017 година, најави производство на најмодерното електрично возило во Индија, кое ќе започне во 2024 година.

Според Бавиш Аргавало, ко-основач и извршен директор на Ola Electric, новото електрично возило ќе има спортска линија, целосно стаклен покрив и најнапреден компјутер со можност за асистирано возење.

Освен информациите дека индиското EВ ќе има автономија од 500 км со едно полнење и забрзување од нула до 100 км/ч за само четири секунди, многу детали се уште не се познати.

Индиските медиуми објавија дека големината на возилото ќе биде слична на мал хечбек, а фактот дека производството започнува за две години, а не се знае многу за неговите перформанси, укажува дека возилото се уште е во развојна фаза.

Компанијата го претстави и новиот скутер S1 и најави производство на сопствена литиум-јонска батерија.

Електрични возила, скутери и батерии ќе се произведуваат во најмодерната фабрика во Индија наречена „Фабрика на иднината“, се наведува на веб-страницата на компанијата.

Покрај тоа што ќе вработи околу 10.000 жени, кои ќе сочинуваат 100 отсто од работната сила, фабриката ќе има и 3.000 роботи контролирани од вештачка интелигенција.

Целта на овој проект е да се намали јаглеродниот отпечаток на автомобилската индустрија, да се ублажат последиците од климатските промени, но и да се донесат позитивни промени во локалните заедници и да се подобри статусот на жените.

Агравал додаде дека фабриката на Ola Electric во иднина ќе може да произведе еден милион електрични автомобили.

Слични содржини