Трилатералната средба, во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво, започна во Брисел.
Започна средбата на претставниците на ЕУ, Жосеп Борел и Мирослав Лајчак, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.
Борел пред трилатералната средба изјави дека очекува Александар Вучиќ и Албин Курти да бидат отворени и флексибилни за да се постигне заеднички став.
Ескобар дојде во зградата на Европската служба за надворешни работи
Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габиел Ескобар, влезе во зградата на Европската служба за надворешни работи во Брисел, каде што е во тек нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, јавува репортерот на „Танјуг“.
Во тек е трилатерална средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво.