Вучиќ: Тежок ден е зад нас, ќе продолжам да се борам за мир и стабилност

од Берта Китинска
183 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска во Брисел учествуваше на дијалогот со косовскиот премиер Албин Курти и претставниците на ЕУ, изјави дека денот бил тежок и дека не може да каже дека завршил успешно.

„Зад нас е тежок ден, тоа беше тежок ден за сите граѓани на Србија, за целата наша земја и не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од какви било други коментари, бидејќи се надевам и сакам да верувам дека можно е по некое чудо да дојдеме до некакво компромисно решение во наредните денови и затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“, вели Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот.

Тој додаде дека во следните 48 часа ќе и се обрати на српската јавност со сите факти.

„И пред да ви се обратам, само сакам да ви кажам дека се бориме за нашата земја, дека ја продолжуваме таа борба и едвај чекам да се вратам во нашата Србија“, рече претседателот на Србија.

По еднодневните разговори меѓу двете страни во Брисел, единствено што им се обрати на новинарите беше високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој рече дека денеска „за жал, не е постигнат договор, но тоа не е На крајот на приказната, двете страни се согласија дека процесот мора да продолжи и разговорот ќе продолжи во наредните денови, бидејќи до 1 септември има уште време, не се откажувам“.

Слични содржини