Температури и до 42 степени

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Времето денеска се очекува да биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ=8

Во Скопје и во околината се очекува сончево и многу топло време со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Утре од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.

Слични содржини