Почина 23-годишната девојка која како пешак беше тешко повредена во Тетово

од Берта Китинска
257 прегледи

Почина 23-годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино во Клиничкиот центар во Скопје.

Таа беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.

-Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираше СВР Тетово.