Расте бројот на жртвите од пожарот во тајландскиот ноќен клуб

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Бројот на загинати во ноќен клуб во Тајланд се искачи на 20, соопштија здравствените власти, додека повредени се уште се лекуваат.

Пожарот избувна на 5 август во клубот Mountain B во провинцијата Чонбури, на околу 150 километри југоисточно од Бангкок. Властите на местото нашле 13 јагленосани тела.

Седум лица починале од повредите, а најновиот смртен случај е 50-годишен маж, соопшти Канцеларијата за јавно здравје во провинцијата Чонбури.

Сите жртви биле тајландски државјани.

Има 25 повредени лица кои се уште се лекуваат во болниците, од кои девет се на респиратори, соопшти локалната здравствена управа.

Запаливата акустична пена на ѕидовите на клубот го забрзала пожарот и на пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа да го стават под контрола.

Висок полициски функционер во провинцијата Чонбури на 20 август потврди дека сопствениците на клубот, татко и син, се обвинети за предизвикување смрт од невнимание и за управување со клубот без лиценца.

„Тие би можеле да се соочат со повеќе обвиненија поврзани со безбедноста на објектот и социјалната сигурност на вработените“, изјави тој за АФП.

И двајцата беа ослободени со кауција од локалниот суд, додаде тој.

Премиерот Прајут Чан-О-Ча нареди истрага за трагедијата.

Еден од најтешките пожари во Тајланд во последните децении беше во ноќен клуб во главниот град Бангкок, за време на новогодишните прослави во 2008-2009 година, кога загинаа 67 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

За пожарот сопственикот на клубот беше осуден на три години затвор.

Слични содржини