На брегот на Јапонија, судир на танкер за хемикалии и товарен брод

од Берта Китинска
218 прегледи

Јапонски танкер за транспорт на хемикалии денеска се судри со кинески товарен брод во близина на брегот на југозападна Јапонија.

Крајбрежната стража соопшти дека нема повредени и додаде дека двата брода се закотвени и дека истрагата е во тек.

Од моторот на кинескиот брод, кој првично почна да тоне, истекло мало количество масло но истекувањето е ставено под контрола.

Јапонскиот танкер го напушти пристаништето Кобе за да земе хемикалии од друго јапонско пристаниште и не превезувал товар во моментот на несреќата.

На местото на несреќата се испратени нуркачи.